За колачињата (cookies) и како се користат
Рингераја.мк користи “колачиња” за обезбедување на подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач. Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.
Vo red
Ѕвезда на бебе календар » Правилник
Правилник
Дану Медиа дооел Скопје, ул. Партизански Одреди бр 155 мез 3, 1000 Скопје (организатор), под спонзорство Џонсон Бејби (во следниот текст спонзор) во периодот од 16.10.2020 до 25.12.2020 година на порталот www.ringeraja.mk приредува натпревар “Ѕвезда на бебе календар за 2021 година”.

1. Како да се пријавите?

Изберете ја омилената фотографија од вашето мало сонце, за време на подготовка за бањање, за време на бањање или после бањањето, (прочитајте за карактеристиките на фотографиите под број 3 во овој правилник) и пријавете се на нашата страница www.ringeraja.mk, заедно со следните задолжителни податоци:
Име на детето
Број на години (од 0 до 5)
Град
email (на родителот)
Не заборавајте на фотографијата! Фотографијата се прикачува на страницата за пријава.
Прифатени ќе бидат само пријавите кои ги содржат сите барани податоци.
Фотографиите може да ги испраќате од 16.10.2020 до 29.11.2020.

Фотографијата ќе биде поставена онлајн во галеријата во рок од 24 часа од испраќањето. Ако не се појави после 24 часа, родителите да го проверат својот маил дали постои информација од организаторот за некои неправилности кои треба да се изменат.
Маил од организаторот: babykalendar@danu.biz

2. Карактеристики на фотографиите

Не е пожелно фотографијата да прикажува премногу голотија на вашето бебе, посебно не се дозволени фотографии каде што се гледаат гениталиите.

Пример на правилна фотографија: се гледа само главата со мокра косичка и пена од шампон, сушење или чешлање на косичката додека детето е замотано во пешкир или соодветна облека, или дете во кадичка но поголемиот дел од телото потполно покриено, или игра од вашето малечко пред или после бањање, симпатична насмевка, поглед или некаква солза за време на бањањето, или можеби само некоја неодолива поза само за вас (и нас), неуморно миење на рачињата со многу сапуница и слично.Не е дозволено на фотографијата да е присутен производ, лого или натпис од конкурентен производ на Johnson’s baby производите.

Фотографиите треба да го задоволуваат минималниот квалитет, да се сликани со фотоапарат или мобилен телефон со минимална резолуција 3 мегапиксели и минимална ширина 1600 пиксели поради можноста за користење на фотографиите во печатење на календарот.

Фотографиите треба да го задоволуваат минималниот квалитет, да се сликани со фотоапарат или мобилен телефон со минимална големина на фајлот од 3 MB (но да не биде поголем од 10 MB) и минимална ширина 1600 пиксели заради можноста за користење на фотографиите во печатење на календарот.

Фотографиите треба да бидат во боја и без стилски додатоци, да не се објавувани во други медиуми.

3. Натпревар

Членови и посетители на порталот www.ringeraja.mk ќе имаат можност со својот глас (клик на копчето Гласај) да одберат 100 најсимпатични фотографии од 11.11.2020 до 03.12.2020 година во 22 часот. Од тие 100 фотографии комисијата (од 05.12 до 07.12) ќе одбере 12 фотографии, по една за секој месец од годината, а сите 100 најсимпатични фотографии ќе бидат прикажани на страницата на www.ringeraja.mk

Со опцијата share или like (под фотографијата), родителите може да ги поканат своите пријатели да ги поддржат нивните малечки (но бројот на лајкови не се брои како број на гласови)

4. Кој може да учествува?

Секој кој ќе ги испрати сите барани податоци и фотографија од своето детенце со возраст од 0 до 5 години и кои ги задоволуваат бараните критериуми за натпреварување опишани во карактеристики на фотографиите, освен вработените на организаторот и спонзорот како и членови на нивна блиска фамилија. За учество не е потребно да сте член на порталот www.ringeraja.mk

Бидејќи се бираат 12 бебиња од Република Северна Македонија, право на учество имаат резиденти/државјани на Република Северна Македонија.

5. Објава на резултати

Секоја од 12те одбрани фотографии ќе биде претставена на порталот www.ringeraja.mk, секој ден по една фотографија од 07.12.2020 до 18.12.2020. Сите 12 избрани натпреварувачи ќе бидат известени дека се одбрани за календарот најкасно до 18.12.2020

6. Изјава за приватност

Сите учесници во натпреварот на испраќање фотографии потврдуваат дека во потполност ги прифаќаат условите на овој натпревар и дека информациите кои ги испраќаат се точни и вистинити. Така, изјавуваат дека порталот ги има правата за објава и користење на испратените фотографии и дозволуваат истите да се употребат во печатење и дистрибуција на “Ѕвезда на бебе календар за 2021-та година”

Организаторот на играта ги заштитува сите лични податоци кои ги добива од учесниците според прописи и правила за заштита на лични податоци. Организаторот смее да ги користи личните податоци добиени од учесниците исклучиво за целите на овој натпревар и за упис во e-mail изданието на Рингераја календарот за развој на дете.

Учесниците чии фотографии ќе бидат одбрани, дозволуваат организаторот да ги објави личните податоци на детето (име, година, град) на интернет медиумите, за објавите на резултатите и промоција на натпреварот.

7. Правила за учество во натпреварот

Правила и општи услови за натпреварување се достапни на веб страната www.ringeraja.mk Организаторот може да ги промени правилата на игра, со кои учесниците благовремено ќе бидат известени на порталот на Рингераја.

Учесниците во натпреварот се согласуваат дека се запознаени со правилата на учество и се обврзуваат дека ќе ги почитуваат.

Испрати пријава ОВДЕ за твоето дете да стане Ѕвезда на бебе календар за 2021 година

16.10.2020, Скопје
Бараме 12 ѕвезди за Бебе календар за 2021 година
Posalji Fotografiju