За колачињата (cookies) и како се користат
Рингераја.мк користи “колачиња” за обезбедување на подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач. Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.
Vo red
Бараме 12 ѕвезди за Бебе календар за 2021 година
Images Clipart
Се натпреваруваат веќе 1111 ѕвездички, а пријавата е можна уште
7 ДЕНОВИ 12 ЧАСОВИ 32 МИНУТИ 12 СЕКУНДИ
Oglej Si Nasmehe
 
Ѕвезда на бебе календар » Пријава
Ѕвезда на бебе календар за 2021 година
Препуштете се на моментите на среќа со вашите малечки и задолжително забележете ги сите тие незаборавни моменти! Меурчиња, миризливи меурчиња има насекаде околу вас, смеата и играта ве понесуваат...а потоа следува скокоткаво смеење и тркалање во бањарката. Сето тоа e прекрасно време на ритуали за капење и грижа за вашите деца, во кои сигурно уживате и вие, нели!Споделете ги овие моменти со нас и нека Вашето дете стане една, во низата ѕвезди, кои сјаат на небото на Рингераја!!!

Веруваме дека сте подготвени со испраќање на фотографија од Вашето малечко сонце, да учествувате во натпреварот за “Ѕвезда на бебе календар за 2021”! И минатата година навистина прекрасно се дружевме во текот на целиот натпревар! Коментиравме, навивавме, гласавме...

И на крај добивме 12 ѕвезди меѓу најсјајните ѕвездички. Ни претстојат денови на прекрасна забава!

Затоа драги родители, дојде време да избереме 12 ѕвезди, кои ќе го красат Бебе календарот за 2021 година, а кој ќе се најде на ѕидовите на семејствата во Македонија. Секоја ѕвезда ќе претставува по еден календарски месец во годината. Учествувајте во забавниот натпревар за и Вашето малечко да се најде во најѕвездениот Бебе календар. Се натпреваруваат малечки деца со возраст од 0 до 5 години.

Забавата започнува на 16.10.2020 година!!!
largeBoxImage
Карактеристики на фотографијата
Не е пожелно фотографијата да прикажува премногу голотија на вашето бебе, посебно не се дозволени фотографии каде што се гледаат гениталиите.

Пример на правилна фотографија: се гледа само главата со мокра косичка и пена од шампон, сушење или чешлање на косичката додека детето е замотано во пешкир или соодветна облека, или дете во кадичка но поголемиот дел од детето потполно покриено, или игра од вашето малечко пред или после бањање, симпатична насмевка, поглед или некаква солза за време на бањањето, или можеби само некоја неодолива поза само за вас (и нас), неуморно миење на рачињата со многу сапуница и слично. Не е дозволено на фотографијата да е присутен производ, лого или натпис од конкурентен производ на Johnson’s baby производите.

Фотографиите треба да го задоволуваат минималниот квалитет, да се сликани со фотоапарат или мобилен телефон со минимална резолуција 3 мегапиксели и минимална ширина 1600 пиксели поради можноста за користење на фотографиите во печатење на календарот.

Фотографиите треба да бидат во боја и без стилски додатоци, да не се објавувани во други медиуми.

Затоа, известете ги своите пријатели, баби, дедовци, тетки, вујковци и чичковци, со еден збор известете ги сите за најубавото ѕвездено небо на Рингераја.мк Фотографиите можете да ги испраќате од 16.10.2020 до 29.11.2020
Бараме 12 ѕвезди за Бебе календар за 2021 година
Posalji Fotografiju